Surface – новиот таблет од Microsoft

Објавено јуни 19, 2012 | Коментирај

Microsoft го презентираше свој таблет. Поучени од успехот што Apple го имаат со iPad и огромниот профит што iPad го донесе, во Microsoft одлучија да не седат со скрстени раце.

На вчерашната конференција за медиумите што се одржа во Њујорк, извршниот директор на Microsoft, Стив Балмер го презентираше производот што ќе го раздвижи пазарот на мобилни уреди. Тој сакаше да ги охрабри производителите на хардвер да бидат иновативни и да ги искористат сите можности што им ги нуди новиот оперативен систем на Microsoft кој се нарекува Windows 8.

Вчера Microsoft прикажа две верзии од нивниот таблет, кој се нарекува Surface. Во моментот постојат две хардверски варијанти на Surface, Surface RT и Surface PRO.

Surface RT ќе има ARM процесор, ќе биде тенок 9,3 милиметри. Таблетот изгледа многу софистицирано, со рамни, чисти рабови и изработен е од полиран метал. Уредот е екстремно лесен и тежи само 650грама. Има дисплеј од 10,6 инчи, со однос на страните од 16:9, со одличен приказ на бои и контраст. Со таблетот доаѓа и екстерна тастатура која што се прикачува на уредот на ист начин како што се прикачува Smart Cover на iPad.

Microsoft, ќе го пушти Surface во продажба на есен, и во моментов нема никакви информации околу цената и достапноста на новиот таблет.

Коментирај

Нема коментари за Surface – новиот таблет од Microsoft. Остави свој коментар за овој напис

Оставете коментар